За кого се наменети овие in-ear monitors?

  • МУЗИЧАРИ
  • ПРОДУЦЕНТИ
  • LIVE PERFORMERS
  • DJ
  • БЕНДОВИ
  • АУДИОФИЛИ
  • МУЗИЧАРИ
  • ПРОДУЦЕНТИ
  • LIVE PERFORMERS
  • DJ
  • БЕНДОВИ
  • АУДИОФИЛИ
Responsive Video

Што добивате од овие in-ear monitors

Уникатен стил

Сами ги креирате in-ear мониторите по сопствен вкус и стил преку многу можности за прилагодување.

единствен облик

Изработени со 3D технологија за принтање од мерка добиена од вашиот слушен канал, правејќи ги единствени само за вас.

заштита од бучава

Ефективно блокираат до 35 dB на позадинска бучава, со што го штитат вашиот слух за време на настапи.

перфектен звук

Користат реномирани звучници од брендот SONION во мрежа од 3 па се' до 10 звучници (т.н. драјвери) во една слушалка.

сигурност

Имате 1 година гаранција за корекции и сервис доколку настане проблем, со опција за дополнителна 1 година.

поддршка

Ние сме тука за одржување, чистење и менување на филтрите на вашите слушалки.

Кој и како ги произведува?

Компанијата SOUNDZ е меѓу единствените на овој регион која произведува професионални, персонализирани in-ear мониотри од 2018-та година. Ги создаваат со уникатна ProFlex опција за еластичност на врвот на слушалките што ги прави ултра удобни. Имаат свои мрежи за спојување на звучниците за совршена хармонија на звуците преку посветена работа со музичари и професионалци на кои звукот им е особено важен.

Ние Акус Медикус како нивни застапници во Македонија ви овозможуваме пристап до овие слушалки и можност до ваш најдобар настап и перформанс со нив!

Responsive Video

МОДЕЛИ И ЦЕНИ НА CUSTOM IN-EAR MONITORS

3-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо

Muse е омилената опција меѓу изведувачите во живо, и со право. Комбинирајќи ја неговата конкурентна цена со избалансираниот тоналитет и  извонреден опсег на dB без дисторзија, добивате совршен продукт наменет за сите пејачи и музичари.


По ваша мерка од 590€

4-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо | Студио| Аудиофили

Како еден од нашите најпопуларни и најпознати монитори, Blade е ажуриран за да има 2 различни модалитети, обична и екстра бас, во истата школка, со можност сами да си ги менувате модалитетите.


По ваша мерка од 750€

6-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо

Dune е наменет за врвно сценско искуство. Тој е најточниот in-ear-monitor за пејачи и сите сценски музичари. Ги пренесува вокалите непречено и јасно, за да можете да ја слушнете секоја нијанса! Уживајте во огромен опсег на dB без дисторзија и јасност кои се идеални за секој изведувач во живо.


По ваша мерка од 850€

7-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо | Студио| Аудиофили

Уживајте го бранот на аудио брилијантност. Wave ја покажува нашата посветеност на прецизност и неутралност, што го прави идеален избор за изведувачи во живо, мониторинг во студио и за продуценти. Wave Ве исполнува со адреналин или Ви овозможува спокојство.


По ваша мерка од 990€

8-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо | Студио| Аудиофили

Со прецизно музичко штелување и импресивна техничка изведба, Flame е совршен за изведувачи во живо кои се обидуваат да го подигнат своето сценско присуство, аудиофили кои копнеат по природен и инспиративен звук, како и аудио инженери и продуценти во потрага по сигурни и верни монитори.


По ваша мерка од 1190€

10-driver in-ear monitors

За изведувачи во живо | Студио| Аудиофили

Avant е идеален придружник за изведувачите во живо кои не сакаат ништо друго освен ултра-високо ниво на перформанс, за љубителите на музиката кои бараат целосно и волшебно слушање, како и за продуцентите кои бараат прецизна и точна алатка за следење.


По ваша мерка од 1590€

Како дА ГИ ДОБИЕТЕ?

Чекор 01

Доаѓате во Акус Медикус за да ги видите, пробате и дизајнирате вашите избрани слушалки.

Чекор 02

Ние земаме мерка од вашиот слушен канал.

Немојте да се плашите, не боли ниту е страшно.

Чекор 03

Ја плаќате сумата и ние потоа ја праќаме мерката за изработка која трае вообичаено околу 2-3 недели.

Чекор 04

Ги добивате вашите нови персонални слушалки. (Може да ги подигнете кај нас или да ги пратиме на ваша адреса.)

Често поставувани прашања

Каде можам да ги пробам?

Засега само во продавницата на АКУС МЕДИКУС во Скопје. Имаме паркинг и планирајте да одвоите соодветно време за да ги пробате моделите и да ги дизајнирате слушалките по ваш мерак.

Дали имаат гаранција?

In-ear слушалките имаат 1 година гаранција. Може да си доплатите и за дополнителна +1 година заштита.

Што ако се затнат со церумен или прекинат да работат?

Ги носите кај нас за да ги прочистиме и да им смениме филтри. Ако случајно имаат некој друг проблем, ги праќаме да се сервириаат и за брзо ги враќаме назад.

Како се плаќа?

Може да се плати во готово, со картичка или пак, на рати. Дозволете си го омилениот модел на 12 рати со кредитна картичка.

100% гарантирано задоволство

SATISFACTION
100% 
guarantee

Кога избирате наши производи, вие не избирате само квалитет, туку и сигурност. Ние стоиме зад секој пар на наши висококвалитетни ин-еар слушалки со ветување дека вашето искуство ќе биде ништо помалку од совршено. Нашиот приоритет е вашата среќа, затоа не двоумете се да не' контактирате доколку имате било какви прашања, потреби или сомнежи. Уживајте во врвниот звук и удобноста, и нека бидат вашите уши среќни, а вие - гарантирано задоволни.

Авторизирани застапници
за SOUNDZ за Македонија:

АКУС МЕДИКУС ДОО СКОПЈЕ
бул. 11 Октомври бр. 86
1000 Скопје
тел: +38971887074
емаил:
info@akusmedikus.mk

Scroll to Top